Веб маркетинг планот (во понатамошниот текст: маркетинг план) е краток прецизен акт во пишувана форма. Ги дефинира чекорите и акциите кои е потребно да се превземат за да ги остварите своите маркетингшки и продажни цели.
- Executive Summary – Воведен дел
Дефинирање на целта на веб маркетингот. Објаснување на одбраните стратегии и акции, аргументи за нивна употреба.
- Дефинирање на целните групи на потрошувачи
Идентификација и на потенцијалните потрошувачи, сегментација на пазарот.
- Рокови
Дефинирање на рок за примена на маркетинг планот.
- Истражување на пазарот
Истражувања со кои ќе дојдеме до реалните податоци за состојбата на пазарот, вклучувајќи го и Интернет пазарот. Користење на сопствените ресурси(web сајт, mailing листи, анкети...) за креирање на слика за посебностите на корисниците на Интернет услугите за одредена компанија.
- Анализа на статистиката на пазарот
Детално анализирање на добиените податоци за состојбата на пазарот.
- Анализа на пазарните трендови
Можност за искористување на трендовите во своја корист.
- SWOT анализа
Проценка на силните и слабите страни, можностите и заканите.
- Дефинирање на стратегијата на маркетинг комуникацијата
Планирање и формулирање на најоптималните маркетинг стратегии во склад со утврдените цели и состојбата на пазарот.
- Формирање на тим
Кој и како ќе ги спроведе во дело задачите кои ги дефинира маркетинг планот.
Класичните елементи на маркетиншка стратегија вклучуваат и посебности на Интернетот (мисија и визија, логотип, слоган, визуелен идентитет на веб страницата, начини на комуникација со клиентите по пат на интернет и сл.)






