Во елементите на визуелниот идентитет најчесто спаѓаат: Логотипот, системот на заштитни бои, заштитната типографија(фонт), знак, слоган, маскота, грб, знаме и.т.н.

Елементите на визуелниот идентитет се елаборираат во книгата на графички стандарди каде се дефинира изгледот, варијациите и користењето на секој елемент поединечно.

 

ЕЛЕМЕНТИ НА ВИЗУЕЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ

 

  • ЛОГО ТИП

Логотип е симбол по кој Вашите клиенти или потрошувачи веднаш ќе ве препознаат. Обично тоа е систем на графички и типографски решенија (слики и букви) вклопени и стилизирани во единствена целина и на единствен начин.
ЛОГОТИПОТ Е ВАШИОТ ЗАШТИТЕН ЗНАК И МАРКА!

  • ЗАШТИТНА БОЈА

Заштитната боја или системот на заштитни бои се елемент на вашиот идентитет кој никогаш не се менува.  Од големо значење е заштитните бои да видат во склад и јасно дефинирани. Боите не се дефинираат само со своите заштитни имиња, на пример жолта, сина, туку и по процентот и односот на основните бои за пешатење кој го содржат (C.M.Y.K.) или PANTONE палетата, т. Е каталогот на бои, каде што секоја боја е представена со своја нумеричка вредност. Ова е од особено значење при печатењето, бидејчи само со јасна дефиниција на боите ќе добиете секогаш ист отисок, а не субјективен впечаток на секој индивидуален печатач .
Идеален пример во праксата е необичната зеленкаста која ја користи "Siemens" или бордо црвената која ја користи "Johnie Walker".

  • ТИПОГРАФИЈА (ФОНТ)

Типографијата, односно фонтот представува посебен облик на писмо, односно букви, со кои е испишан или инспириран словниот дел на логотипот. Значајно е фонтот да биде оригинален и единствен и да не подсетува на фалсификат, односно на другите познати брендови. Значајно е и да не биде премногу едноставен, ниту пак да биде „украден“ т.е. веќе заштитен со авторски права и сл.

  • МАСКОТА

Маскотата е стилизирана форма, т.е. приказ на некој лик, најчесто животински лик, а служи како синоним за некој бренд, особено за неговата манифестација. Примери за тоа се лисицата на Фире Фоџ; ......

  • ГРБ

Грбот представува Хералдички симбол и најсериозна визуелна форма. Има свечена и церемонијална улога и најчесто се користи во такви пригоди. Грбот содржи лесно читлива и препознатлива симболика.

Проекти

Новости

wission
Завршени проекти
www.wission-tv.com